Јокиќ се повреди во најлошиот момент, Вориорс на „менито“ на Индијана (ВИДЕО)

578

Денвер пред мечот со Портланд објави дека Никола Јокиќ има повреда и дека е неизвесно дали ќе игра. Според официјалните информации, Јокиќ има проблем со долниот дел од грбот, односно левиот колк, па дури во последен момент ќе се одлучи дали ќе игра. Заедно со него знак прашалник е и Џамал ​​Мареј.

Со оглед на тоа што на Денвер му преостануваат уште само 12 натпревари, веројатно е дека Јокиќ ќе „стиска заби“ бидејќи природно е шампионот да ја посакува најдобрата можна позиција во плеј-офот што го гарантира домашниот терен до крајот.

Голден Стејт продолжи во ритамот „падни стани“. Вориорс на домашен терен беа совладани од Индијана со убедливи 111-123. И покрај овој пораз, Голден Стејт остана на 10. место на табелата во Западната конференција со скор од 36/33. На другата страна Пејсерси се шести на Истокот.

Халибуртон со 26 поени и 11 асистенции беше прво име кај победникот, на другата страна Кари запиша исто дабл-дабл од 25 поени, 11 скока, додаде уште пет асистенции.

Бостон ја запиша осмата победа во низа откако го совлада Детроит на гости со 102-129. Браун беше лидер со 33 поени, Вајсмен имаше 24 поени и 9 скока за поразениот состав.

На останатите средби: Торонто – Оклахома 103-123, Мајами – Њу Орлеанс 88-111, Минесота – Кливленд 104-91, Сан Антонио – Мемфис 97-99, Портланд – ЛА Клиперс 117-125, ЛА Лејкерс – Филаделфија 101-94.

ПретходноЈа тешеше по смртта на нејзиното момче, а сега настрада од Сабаленка во Мајами
СледноДани Алвеш не успеал да собере пари за кауција – останува во затвор