Гостивар го потврди последното местото кое води во плеј-офот!

148

Гостивар дојде до важна победа против Кожув, на домашен терен го совлада со 104-73 во рамките на претпоследното коло во Првата лига и го потврди своето место во плеј-офот,

Одличната игра во првата и третата четвртина беа пресудни за расплетот во салата „Младост“. Домаќинот поведе со 28-15, на одморот предноста изнесуваше 51-36. Потврдата за победата на Гостивар стигна во третата четвртина во која беше подобар со 31-13. На другата страна гевгеличани беа немоќни, не успеаја да дојдат до бодови за влез во плеј-офот.

Вилијамс постигна дабл-дабл од 25 поени и 10 скока, а имаше уште 8 асистенци. Зад него беше Инграм, исто со дабл-дабл учинок, но од 24 поени и 15 скока. На другата страна Милер имаше 25 поени.

ПретходноБаумгартнер даде гол во шестата секунда, Австрија ја победи Словачка
СледноКуп на Македонија: Пелистер и Тиквеш ги заверија билетите за завршницата