ТФТ со пораз се одјави оваа сезона од АБА2-лигата. На последниот меч тимот од Тафталиџе го загуби дуелот на дното, беше совладан од Шибенка со 76-89. Овој пораз ги смести избраниците на Боро Смилковски на последното место на табелата.
Македонскиот претставник, имаше негатива од 37-43 на одморот. По изедначената игра во третиот период (25-25), ТФТ не успеа да одигра на ниво на задачата во решавачките десет минути во кои беше покус за седум поени (14-21).
Луис и Калхун имаа по 15 поени.