Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта ги потврди гласините дека каталонскиот клуб одбил 200 милиони евра за најнадежниот фудбалер Ламин Јамал. Лапорта не сакаше да открие од каде стигнала понудата, а се шпекулира дека таа била од ПСЖ.
„Добивме понуда за Ламин Јамал висока 200 милиони евра меѓутоа ја одбивме. Ние веруваме во ова момче и тоа е важно во нашиот спортски проект. Не ни се потребни овие пари. Ние сме во процес на економско закрепнување и се гледа светлината на крајот на тунелот“, изјави Лапорта.
🔵🔴 Laporta: “We’re receiving crazy bids for players like Lamine Yamal around €200m and we’re rejecting, of course”.
“We trust Lamine and we don’t need to sell”.
“We received bids for Balde, Fermín, Pedri, De Jong, Araujo, Gavi… we don’t want to sell our stars”. pic.twitter.com/cDfb34eG6e
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) March 23, 2024