Со цел да се искористи што подобро репрезентативната пауза, денеска неколку наши клубови од ПМФЛ и ВМФЛ одиграа пријателски средби.
Па така во Кавадарци, домашниот Тиквеш со 4:1 го декласира Детонит. Стрелци на головите беа Тасев, Графин и Силва два.
Силекс како домаќин во Кратово со 2:1 успеа да ја совлада Македонија ЃП и тоа со головите на Лазаревиќ и Милосављевиќ.
Додека Шкупи на гости кај Арсими славеше со 1:3, и тоа со головите на Адем, Ибиши и Гронер.