Саутгејт откри дали ќе го превземе местото на Тен Хаг во Јунајтед

597

Англиските медиуми објавија дека Сер Џим Реклиф одлучил дека го сака Герет Саутгејт за нов менаџер на Олд Трафорд и дека ќе направи се за да го донесе.

Саутгејт има договор како селектор на Англија до декември, а со оглед на тоа дека работи многу добро, прашање на време е кога ќе му биде понудено продолжување на договорот.

Сепак, Ретклиф е импресиониран од работата што Саутгејт ја работи како селектор на Англија и се надева дека ќе може да го убеди големиот тренер да го преземе Манчестер Јунајтед.

Овој потег би можело да чини дури 800 илјади фунти првиот човек на Манчестер Јунајтед на крајот да го доведе Саутгејт бидејќи би морал предвреме да го раскине договорот со Англиската федерација.

Конечно, одличниот тренер реши да проговори, а како што стојат работите стави со преземањето на Манчестер Јунајтед.

„Има две работи, барем од моја гледна точка, едната е дека јас сум селектор на Англија и имам една работа, а тоа е да го освојам Европското првенство.

Другата работа е што Манчестер Јунајтед има тренер и мислам дека не е фер да се зборува за вакви работи бидејќи некој работи таму. Не сакам да се замарам со такви работи“, рече Саутгејт.

Така јасно Саутгејт кажа дека до крајот на ЕП размислува само за тоа како би можел да биде прв во Европа.

Тоа значи дека на крајот Манчестер Јунајтед ќе треба да почека до крајот на ЕУРО, а потоа да се обиде да го доведе.

ПретходноВерстапен најбрз во квалификациите, со победа во Австралија ќе го израмни својот рекорд
СледноУ-19 елитни квалификации: Македонија на мегдан со Швајцарија