Голгетерот на Англија и Баерн (Минхен) Хари Кејн ќе ги пропушти двата натпревари на Англија против Бразил и Белгија. Капитенот денеска ќе биде на трибините на „Вембли“ на мечот со Јужноамериканците, но потоа најверојатно ќе одлета назад во Германија каде ќе продолжи со лекувањето на повредата на зглобот што ја заработи на натпреварот со Дармштад.
„Хари Кејн, Џордан Хендерсон и Кол Пламер нема да играат против Бразил. Би рекол дека Кол и Хендо имаат поголеми шанси да играат против Белгија од Хари, кој е сериозен знак прашалник“, изјави Саутгејт на својата вчерашна прес-конференција.