Штом ПСЖ или Реал испаднат од ЛШ, Килијан Мбапе ќе објави дека е нов “крал“!

1638

Сега веќе и дефинитивно е јасно дека Килијан Мбапе во новата 2024/25 сезона ќе го носи дресот на Реал Мадрид, на најголемиот и најспектакуларен клуб во светот. Повеќе од јасно е дека се е договорено, се чека само една работа за да се објави овој трансфер на деценијата, а ќе биде објавено пред ЕУРО 2024.

Имено Мбапе чека една од двете екипи, се мисли на ПСЖ и Реал Мадрид, да испаднат од ЛШ. Па така штом ќе се случи тоа тој и официјално ќе објави дека е нов “крал“.

Секако дека е незгодно однапред да го најави овој веќе готов трансфер ако се знае дека сегашниот и идниот негов клуб би можеле да се сретнат само во финалето на “Вембли“.

Така сакаше ждрепката за 1/4 и за 1/2 финалето.

ПретходноМото ГП: Вињалес победи во спринтот за ГН на Португалија!
СледноЕрменија со голема провокација за Косоварите!