Милан го откупи договорот на Хименез од Реал (М)

1996

Бекот на Реал Мадрид, Алехандро Хименез, кој игра како позајмен за Милан, ќе се пресели во италијанскиот клуб со перманентен договор ова лето.

Милан постигна договор со Реал Мадрид за трансферот на 18-годишниот шпански дефанзивец. „Кралевите“ ќе добијатз околу 5 милиони евра за договорот, кој вклучува и клаузула со која Реал Мадрид ќе има право на откуп.

Сезонава Хименез одигра 22 натпревари за „росонерите“, реализирајќи две асистенции. Претходно, Шпанецот настапуваше во младинските екипи на Реал Мадрид.

ПретходноЗа иднината на Упамекано, Мин-Јае и Де Лигт ќе одлучува новиот тренер на Баерн
СледноМилан Мандариќ по продажбата на Олимпија, сега влегува во Војводина