Баер Леверкузен полека но сигурно го поплочува патот до првата шампионска титула во Бундес лигата, а меѓу најзаслужните е играчот од средниот ред Флоријан Вирц со своите голови и асистенции. Поранешниот јуниор на Келн, прави „партал“ во дресот на Баер во најсилната германска лига и веќе има 11 голови и 17 асистенции во 36 натпревари.
Во Лион, против Франција го постигна првиот гол за Германија. И тоа во седмата секунда со што стана рекордер за својот национален тим. Го подобри претходниот рекорд на Лукас Подолски во најбрз гол од мај 2013 година (против Еквадор).
Инаку Вирц исто така е рекордер по најбрз гол на младинските европски првенства. Тој постигна гол во 29 секунда на мечот со Холандија на ЕП 2021 за фудбалери до 21 година.
ЕДНА СЕКУНДА „ПОБАВЕН“ ОД БАУМГАРТНЕР
Да кажеме дека на пријателските натпревари во саботата, беше поставен интернационален рекорд. Фудбалерот на Австрија, Кристоф Баумгартнер ја погоди мрежата на Словачка во шестата секунда што е најбрз погодок кога станува збор за мечевите на репрезентациите.
Значи сега на табелата на најбрзи голови се Баумартнер, Вирц, Подолски…
𝟕 𝐒𝐄𝐂𝐎𝐍𝐃𝐒….. 🤯
Florian Wirtz’s first international goal is the 𝐅𝐀𝐒𝐓𝐄𝐒𝐓 goal in Germany’s history. 🇩🇪🔥pic.twitter.com/YgYuJcpd1p
— CentreGoals. (@centregoals) March 24, 2024