Вардар лесно се справи со Голден Арт и потврди место на Ф4 во Купот

141

Сосема очекувано, ракометарите на Вардар 1961 се третиот учесник на Ф4 турнирот од ракометниот Куп на Македонија. Во финалето во групата во Скопје, Вардар денеска високо и убедливо го совлада Голден Арт со 32:23 и си го потврди местото меѓу четирите најдобри екипи, кои ќе се борат за трофејот во Купот на Македонија.

Иако играа без неколку протимци, „црвено-црните“ уште на почетокот покажаа дека ќе ја оправаат улогата на фаворити. На пауза имаа 8 гола предност (17:9), а до крајот стигнаа и дфо поубедлив триум.

Со оваа победа, Вардар 1961 заедно со Тиквеш и Е. Пелистер се на Ф4 турнирот, а последниот полуфиналист ќе го даде подобриот од дуелот меѓу Бутел и Алкалоид.

ПретходноДа се знае кој е кој: Сите во хотел, само Роналдо “крстари“ со своето Ферари низ улиците на Лисабон! (ВИДЕО)
СледноОткако наводно Чаби Алонсо се договорил со Баерн: Португалец седнува на клупата на Ливерпул?!