Галакси од 0:2 до 3:2 за осум минути, Интер Мајами претрпе тежок пораз

463

Лос Анџелес Галакси и Спортинг Канзас сити одиграа фантастичен меч во кој победија домашните благодарение на пресвртот во второто полувреме во период од осум минути. Канзас имаше предност од 0:2 на полувреме, а во вториот дел домашните се кренаа. Од 72. до 80. минута постигнаа три гола и го добија мечот.
Ерик Завалета, Дејан Јовељиќ и Марко Делгадо стрелаа во мрежата на Канзас.
Со тоа Галакси стигна до втората победа во петтиот меч. Има вкупно девет бодови по пет кола еден помалку од Минесота кој има и меч помалку.

Интер Мајами доживеа тежок пораз на гостувањето кај Њујорк Ред Булс со 4:0. Интер играше без ѕвездата Лео Меси, а Луис Суарез, Серхио Бускетс и Жорди Алба не успеаја да му помогнат на тимот да го избегне овој пораз.

ПретходноКрај на мачната недела на Сабаленка во Мајами, го искрши рекетот и си замина без поздрав
СледноШпанските медиуми: Левандовски спрема сензационален трансфер