Двоецот на Ферари, Карлос Сајнц и Шарл Леклер ги заземаа првите две позиции на трката за Големата награда на Австралија. Сајнц се врати откако мина десеттина дена во болница, ја прекина победничката низа на Макс Верстапен, кој славеше на последните девет трки, а во Мелбурн се повлече уште во третиот круг поради механички дефект.
На Холанѓанецот му се запали болидот кај десното задно тркало, а Ред Бул не можеше ништо да корегира кога возилото стигна во боксот. Па така Верстапен се откажува прв пат по ГН на Бахреин во 2022 година кога, интересно, Ферари исто така имаше двојна победа.
А Сајнц не беше сигурен дали ќе биде спремен за трката во Мелбурн. Имаше операција на слепото црево, а по 15 дена се врати и сакаше да вози. Во квалификациите беше втор, а денеска победи.
„Неколку тешки недели се зад мене. Лежев во кревет и не знаев дали ќе возам овој викенд. Не можев да поверувам дека бев втор во квалификациите со оглед на тоа колку беше предизвикувачка трката. Чувствував дека сум надвор од форма на тренинзите, но знаев дека можам да ја завршам работата. Немав болки, а можев да возам со полн гас“, изјави Шпанецот.
The surreal moment.#MaxVerstappen pic.twitter.com/Uz2WepvhC7
— Riya Jain (@riyakotadia12) March 24, 2024
Третото и четвртото место го заземаа возачите на Мекларен, Ландо Норис додека Оскар Пиастри заврши четврти.
Петтата позиција ја зазема Серхио Перез со 56 секунди послабо време од тоа на победникот.
Да додадеме и дека возачот на Мерцедес, Џорџ Расел имаше тежок судира во 57. круг, кога излета од патеката и удри во оградата. Ни неговиот тимски колега, Луис Хамилтон немаше среќа затоа што се откажа поради дефект на моторот.
CARLOS SAINZ WINS THE AUSTRALIAN GRAND PRIX pic.twitter.com/CHR9ia2EGg
— Chanel⁵⁵ (@Carlos55edits) March 24, 2024
DRIVER STANDINGS: After three rounds 👀#F1 #AusGP pic.twitter.com/eOPujQqlmm
— Formula 1 (@F1) March 24, 2024