Денвер си „гази“ и без Јокиќ и Мареј, Бостон ја впиша деветтата победа по ред

238

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја продолжија борбата за што подобра позиција пред плеј-офот во НБА, а запишаа нова победа во шампионатот и тоа над Портланд со 114-111. За Денвер не играше нивниот најдобар играч Никола Јокиќ, како и втората ѕвезда Џамал Мареј, меѓутоа нивните соиграчи впишаа триумф. Србинот не е појави поради болки во грбот, а другиот поради болки во ногата.
Најефикасен на мечот беше репрезентативецот на Австралија Дуоп Рит со 24 поени, а во поразениот тим најдобар беше Реџи Џексон со 23 поени.
Денвер се наоѓа на второто место во Западната конференција (50-21) со два одиграни натпревари повеќе од првопласираната Оклахома (49-20).

Кошаркарите на Бостон ја забележаа деветтата победа по ред. Овојпат беше совладан тимот на Чикаго со 124-113. Најефикасен на мечот беше Демар Дерозан од Чикаго со 28 поени и девет асистенции, кај победничкиот тим Џејсон Тејтум постигна 26 поени, а Ал Хорфорд имаше 23.

Бостон е лидер на Истокот со скор 57-14. Само Бостон и Денвер се екипите кои засега достигнаа 50+ победи во сезоната.

РЕЗУЛТАТИ (САБОТА-НЕДЕЛА)
Орландо – Сакраменто 107-109
Атлантна – Шарлот 132-91
Чикаго – Бостон 113-124
Хјустон – Јута 147-119
Сан Антонио – Феникс 106-131
Вашингтон – Торонто 112-109
Портланд – Денвер 111-114

ПретходноКаков кам-бек: Сајнц од операциски стол до победа во Мелбурн, на Макс му се запали болидот
СледноНагелсман по триумфот над Франција: Презадоволен сум, тоа беше многу, многу добро