Додека чека понуда: Мурињо го вееше знамето на финишот на трката во Мото ГП (ВИДЕО)

215

Португалскиот фудбалски стратег Жозе се најде во центарот на вниманието на денешната трка во Мото ГП шампионатот која се возеше за големата награда на Португалија.

Поранешниот менаџер на Рома и уште десетина други европски клубови, го украде шоуто откако беше поканет да го вее „црно-белото“ знаме на целта за неделното Гран При на Португалија.

Мурињо се најде во фокусот на камерите, а доби и аплаузи од гледачите на трката. „Специјалниот“ неодамна беше забележан и на боксерската пресметка меѓу Ентони Џошуа и Френсис Нгану која се одржа во Саудиска Арабија.

ПретходноПросинечки за утрешниот меч со Македонија ќе го смени цел прв тим
СледноЗа иднината на Упамекано, Мин-Јае и Де Лигт ќе одлучува новиот тренер на Баерн