Екс-фудбалер на Реал и Челзи се разведува од сопругата откако дозна дека двете деца не се негови

3775

Поранешниот камерунски репрезентативец Џереми, кој играше за Реал Мадрид и за Челзи, поднел барање за развод откако дознал дека двете деца не се негови. ДНК тестовите покажале дека децата близнаци припаѓаат на поранешниот маж на неговата сопруга.
Според „Сан“, Џереми поднел барање за развод во судот во Камерун.
Сопругата тврдела дека близнаците, родени во јуни 2008 година, кога фудбалерот го претставуваше Њукасл, се на Џереми, што тогаш доведе до официјализирање на нивната врска.
„Но, откритието дека децата му припаѓаат на нејзиниот претходен партнер ја уништи хармонијата на бракот. Тоа му предизвика на Џереми огромен емотивен шок“, се вели во процесот.
Џереми играше за Реал Мадрид помеѓу 1999 и 2003 година, а потоа го претставуваше Челзи помеѓу 2003 и 2007 година.

ПретходноНапаѓач на Феенорд ќе го замени Осимен во Наполи
СледноМилевски пред мечот со Ц.Гора: Играме против квалитетен противник, ќе има промени во составот, мора да се поправи реализацијата!