Енди Родик: Однесувањето на Новак во поразот беше очајно!

2453

Енди Родик, некогашниот освојувач на УС Опен, еден од најдобрите тенисери во свое време, не штедеше критики за Новак Ѓоковиќ за тоа како се однесувал при поразот во 3.коло на Индијан Велс.

Познато е дека најдобриот тенисер во историјата беше шокиран од страна на Италијанецот Лука Нарди.

Во центарот на вниманието беше еден потег во третиот гем од вториот сет кога Новак по една своја грешка почна да се расправа со судијата:

Апсолутно не беше во право во таа ситуација. Тоа беше потег на еден очајник. Не гледам зошто Новак беше толку лош против еден тенисер кој се наоѓа на 123.место на АТП листата. Дечкото не престана да игра, повеќе застана Новак него Нарди. Новак донесе погрешна одлука, потоа се жалеше кај судијата а тоа му го спомна и на својот млад противник, кој во тоа ракување го доживеа најголемиот момент во својата кариера“ рече покрај другото Родик во својот подкаст.

ПретходноМилан Мандариќ по продажбата на Олимпија, сега влегува во Војводина
СледноСпустот откажан, Одермат го грабна глобусот и во спуст