Историја за Штип: Шампионот поразен во финале, Штип УГД е нов освојувач на Купот

312

Одбојкарите на Штип УГД се новите освојувачи на Купот на Македонија за 2024 година. Во големото финале пред домашна публика, штипјани направија сензација совладувајќи го бранителот на двојната круна, екипата на Струмица со 3:2 во сетови.

СТРУМИЦА – ШТИП УГД  2:3 (25:22, 22:25, 25:19, 21:25, 13:15)

Уште на самиот почеток на мечот стана јасно дека ќе гледаме две извонредно мотивирани состави. Особено екипата на Штип УГД која за првпат во клупската историја игра финале.

Струмица се потпре на искустото и успеа во финишот на првиот сет да дојде до посакуваната предност за водство. Штипјани покажаа одлична игра во вториот сет, ги искористија шансите и успеа со иста мера да им возвратат на бранителите на куп-трофејот за 1:1 во сетови.

Струмица во третиот сет одигра најдобро. Успеа навреме да направи позитива од неколку поени и до крајот на сетот да ја задржи предноста за ново водство. Штип УГД во четвртиот сет потсети на упорноста со која го одигра вториот сет. Успеа да го затвори смечот на Ом Хени и со одлична игра од надворешните зони да дојде до посакуваната предност за ново израмнување, овој пат 2:2.

Петтиот решавачки сет тргна како од соништата за домашната екипа. Со голема поддршка од трибините, Штип УГД успеа да дојде до предност од три поени кон средината на тај-брејк сетот (9:6), што го примора гостинскиот тренер Ричлиев да бара тајм-аут. Штип УГД поведе и со 10:6, по што следуваше серија од 2:0 за Струмица и минута одмор за домашните. Шампионот успеа да направи нова серија и да дојде на само поен негатива (11:10). Иако Штип УГД имаше и 12:10, седуваше серија од 3:0 за гостите и прво водство во решавачкиот сет (12:13), по што домашниот тренер Ристевски повика тајм-аут. Домашните успеаја да се одбранат и да дојдат до прва меч-топка на 14:13. Во два наврати Штип се одбрани и на крајот со грешка на гостите Штип УГД го освојува историскиот куп.

Извонреден настап имаа Задмард со 26 и Стефан Алексов кој финалето го заврши со 21 поен. Кај Струмица најефикасен беше Ом Хени со 28 поени.

ПретходноШокантно: Фенербахче со вториот тим ќе го игра мечот од Супер Купот против Галатасарај?!
Следно“Специјалниот“ искрено: Понуда? Не, немам, а би сакал да работам, сеедно каде“!