Милан Мандариќ по продажбата на Олимпија, сега влегува во Војводина

1278

Некогашниот прв акционер во словенечкиот фудбалски клуб Олимпија Љубљана, Милан Мандариќ, кој го продаде словенечкиот клуб за 5 милиони евра пред 3 години, од вторник влегува во српскиот прволигаш Војводина. Како што објавија медиумите, американскиот бизнисмен со српско потекло, ќе стане потпретседател на фудбалскиот клуб Војводина.

Во вторник ќе се одржи клупско собрание на кое како потпретседател ќе го придружува Мирослав Тањга, поранешен фудбалер на Војводина. Доаѓањето на Милан Мандариќ во Војводина беше најавувано неколку пати претходно. Сегашната администрација предводена од претседателот Драгољуб Збиљиќ успеа да го договори неговото влегување во клубот, за кој Мандариќ неодамна изјави дека е клуб поради кој во младоста изел многу ќотек од татко му, затоа што бегал од часови за да оди на мечевите на Војводина.

ПретходноМилан го откупи договорот на Хименез од Реал (М)
СледноЕнди Родик: Однесувањето на Новак во поразот беше очајно!