Милевски пред мечот со Ц.Гора: Играме против квалитетен противник, ќе има промени во составот, мора да се поправи реализацијата!

339

Утре во 18 часот во Анталија, нашата најдобра репрезентација против Црна Гора ќе го одигра својот втор контролен меч во овој мартовски циклус.

По оние 1:1 со Молдавија во петокот, утре се среќаваме со силната селекција на Црна Гора предводена од селекторот Роберт Просинечки.

Селекторот на нашата репрезентација Благоја Милевски за утрешниот дуел со Црна Гора на денешниот прес истакна:

Се среќаваме со квалитетен противник кој има квалитетни играчи кои играат во силни лиги. Ние мораме да ја поправиме реализацијата. Не можам да не бидам задоволен од тоа што го прикажавме со Молдавија, но има работи кои кмора да поправиме ако сакаме позитивен резултат утрепротив Црна Гора. Ќе има промени во составот за утрешниот меч со оглед на тоа дека тука сме да го провериме потенцијалот на некои играчи на различни позиции. Овие мечеви треба да послужат. Знаеме дека Црна Гора има нов селектор и тешко се игра против такви селекции. По денешиот тренинг ќе знаеме кој ќе биде подготвен за утрешниот меч. Има некои ситни проблеми со повреди, а за тоа кој ќе биде стартер допрва ќе видиме. Сепак кој и да добие шанса ќе знае што треба да прави“ истакна Милевски.

ПретходноЕкс-фудбалер на Реал и Челзи се разведува од сопругата откако дозна дека двете деца не се негови
СледноСтоле Димитриевски: За мене ова е специјален меч, токму против Црна Гора го имав своето деби!