Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман ја прокоментира победата на неговиот тим со 2:0 против селекцијата на Франција во пријателскиот натпревар меѓу двете селекции. Тој им честиташе на своите играчи за покажаното ниво и беше исклучително задоволен од успехот.
Ривалите одиграа контрола 83 дена пред почетокот на УЕФА ЕУРО 2024, чиј домаќин ќе биде Германија.
„Честитки за тимот, тоа беше многу, многу добро! Првите 25 минути беа одлични. Можеби требаше да постигнеме уште еден гол. Играта се одвиваше според планот, се беше совршено подготвено.
Уште повеќе се подобривме во вториот дел и имавме три до четири убави шанси. И по неколкуте измени имавме две одлични можности. Сега кога е готово сум презадоволен од настапот“, изјави Нагелсман.