Како што денеска доаѓаат информациите од Островот, најсериозен кандидат за клупата на Ливерпул, за наследник на Јирген Клоп, е Португалецот Рубен Аморим, стратегот на Спортинг Лисабон.
Ова доаѓа откако од Германија вестите се дека Чаби Алонсо веќе има договор со Баерн Минхен, па затоа “редси“ ќе му понудат договор на Аморим. Тој е стратег на тимот кој во последно време игра фантастичен фудбал, постојано напаѓачки, со агресивен пресинг.
Речиси исто како оној на Клоп.
Тие што се блиски до Аморим велат дека тој е фанатичен работник, перфекционист, и секогаш на секој меч инсистира неговиот тим да игра на гол повеќе.
Сето ова го прави за најсериозен кандидат за наследник на Клоп.