Попладнево на Градскиот стадион во Тетово, Шкендија и Работнички одиграа 1:1 во пријателски натпревар. Тетовци со голот на Рамадани во 30.минута поведоа со 1:0, за да Делеј во 48.минута му донесе израмнување на Работнички поставувајќи го конечниот резултат.ж
Ова беше одлична можност за двајцата стратези Јетон Беќири и Гоце Седлоски да ја проверат моменталната форма во текот на оваа репрезентативна пауза и на оние играчи кои досега немаа којзнае каква минутажа.