Дали некој веруваше дека ова може да се случи? Имено Жозе Мурињо, еден од најдобрите тренери во светот на фудбалот откако доби отказ од Рома, нема понуда од ниту еден клуб во светот.
“Специјалниот“ денеска беше на Мото ГП трката во неговата Португалија и на прашање на новинарите каде ќе ја продолжи својата тренерска кариера, тој даде ваков одговор:
“Понуда? Нула! Не, немам понуда, а би сакал да работам, сеедно каде. Португалија? Зошто да не, никогаш немоја да кажеш никогаш“ изјави Жозе.