Спустот откажан, Одермат го грабна глобусот и во спуст

105

Последната трка од сезоната на Светскиот куп во алпско скијање, спустот во Залбах-Хинтерглем, беше откажана поради лошите временски услови.

Тоа значи дека вкупен победник во спустот е Марко Одермат, а за Швајцарецот тоа е четврти кристален глобус оваа зима по оној за севкупна победа во Светскиот куп, како и оние во супервелеслалом и велеслалом.

Французинот Сиприен Саразин беше најразочаран од откажувањето, затоа што заостануваше само 42 поени зад Одермат. По обилните снежни врнежи во текот на ноќта и употребата на тешка механизација, со часови интензивно се работеше на подготовка на патеката, но во текот на утрото се појавија силни ветрови и спустот мораше да се откаже.

ПретходноЕнди Родик: Однесувањето на Новак во поразот беше очајно!
СледноИталија со втора победа на американската турнеја