Столе Димитриевски: За мене ова е специјален меч, токму против Црна Гора го имав своето деби!

1564

Повеќе од јасно е дека Столе Димитриевски со своите фантастични одбрани во последните неколку години е клучниот играч во нашиот репрезентативен состав. Секогаш е на своето ниво, секогаш од него може да се очекува максимумот на голот, па така и утре на контролниот меч со Црна Гора во Анталија:

За мене ова е специјален меч зошто токму против Црна Гора во Скопје го имав своето деби на голот на нашата репрезентација, тогаш победивме со 4:1 во таа 2015 година. Инаку јасно е дека Црна Гора е посилен тим од Молдавија. Мораме да бидеме посконцентрирани и пофокусирани за да дојдеме до победа. Често примаме голови во последните 15-20 минути, таа концентрација во финишот на натпреварите мора да биде на повисоко ниво. Создаваме шанси, но јасно е дека треба да се даде гол.Важно е јас и мојата одбрана да имаме чиста мрежа. За голот со Молдавија што да кажам? Тоа беше фантастичен гол, ретко убав, кој немам примено во последните неколку години“ посочи Димитриевски.

ПретходноМилевски пред мечот со Ц.Гора: Играме против квалитетен противник, ќе има промени во составот, мора да се поправи реализацијата!
СледноКазна за Алонсо за опасно возење што довело до излетување на Расел од патеката