Струмица за првпат во клупската историја го освои Купот на Македонија

151

Одбојкарките на Струмица за првпат во својата клупска историја го освоија Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во Штип, за час и 20 минути игра со максимални 3:0 славеа над екипата на Јанта Волеј и успеаја да ја остварат својата прва цел за оваа сезона.

СТРУМИЦА – ЈАНТА ВОЛЕЈ 3:0 (25:20, 25:12, 25:14)

Тимот кој во текот на целата сезона има само еден пораз, доминантно го реши финалето во своја полза, потврдувајќи ја својата позиција на домашната одбојкарска сцена. Во првиот сет видовме делумно најнеизвесна одбојка, бидејќи и Јанта Волеј добро се држеше се до завршницата на сетот.

Во вториот и третиот сет Струмица имаше потполна доминација, а Јанта Волеј не успеваше посериозно да се закани. Душка Здјелар, како и во полуфиналето, и денеска беше најдобар поентер кај Струмица со 15 реализации, Шчекиќ имаше 12, додека Хаџи-Тосева заврши со 7 поени.

Сосема заслужено, откако ја добија големата драма во полуфиналето против Работнички, избраничките на тренерот Гоце Кончалиев успеаја максимално да се фокусираат на финалето и да го освојат првиот куп во својата историја.

ПретходноКазна за Алонсо за опасно возење што довело до излетување на Расел од патеката
СледноЈунајтед ги „олади“ Шпанците, Гринвуд „слободен“ за 58 милиони евра