Шанса што не смее да се испушти: МЗТ Скопје со победа вечерва ќе игра бараж за пласман во АБА лигата!

574

МЗТ Скопје вечерва од 18 часот во Широки, против истоимениот домашен тим, во меч од 13.коло во АБА 2 лигата, ќе одигра екстра важен меч.

Имено со победа “металците“ ќе обезбедат бараж за пласман во елитната лига на АБА. Исто така со победа ќе го “заверат“ 4.место на табелата.

Ова е најавата или соопштението на раководството на нашиот шампион:

Според информациите од последното Собрание на регионалното натпреварување, најдобрата несрпска екипа по регуларниот дел од сезоната во NLB ABA League 2 ќе добие шанса да игра против последниот на табелата во ова натпреварување за последното 16. место во проширената елитна лига, каде што веќе е примен тимот на Дубаи. Ова е варијанта во случај еден од тројцата српски претставници дојде до триумф во финалето од плејофот, по што ќе добие шанса да игра во АБА1 поради зголемениот национален максимум од пет на шест екипи и која секако нема да нѐ спречи да дадеме сѐ до себе ние да дојдеме до конечниот успех и директната промоција во повисок ранг.

KK MZT Skopje Aerodrom со победа во вечерашната пресметка во Широки Брег ќе дојде до четвртата позиција, веднаш зад Спартак Суботица, Војводина и Златибор и во четврт-финалето за противник ќе го има составот на KK PODGORICA. Евентуален и секако непосакуван пораз биде нѐ „спуштил“ на петтото место и за прв ривал во плејофот би го имале токму вечерашниот ривал HKK Široki. Доигрувањето во NLB ABA League 2 сезонава ќе се игра според системот „дома-гости“ и тоа на кош-разлика во два меча“

ПретходноЕмотивно беше на Планица: Легендарниот Петер Превц кажа – доста е! (ВИДЕО)
СледноАлекс Митров: “Детето“ на Јанг Бојс е голема надеж на Беласица и македонскиот фудбал! (ФОТО)