Шокантно: Фенербахче со вториот тим ќе го игра мечот од Супер Купот против Галатасарај?!

547

Како да не може да мине ден а да нема скандал во фудбалска Турција. По се она што се случуваше на дербито во Трабзон, од вчера фудбалска Турција одново е на нозе.

Имено од раководството на Фенер нагласено е дека тие немаат намера да го играат мечот од Супер Купот против Галатасарај со својот најдобар состав, туку ако го играат тогаш шанса ќе добијат резервистите.

Ова доаѓа откако гигантот од Истанбул ги затегна односите со ФС на Турција по настаните во Трабзон, дури имаше најави и дека целосно ќе се повлече од Суперлигата.

Инаку овој меч требаше да се одигра на 29 декември во С. Арабија, токму на стогодишнината од формирањето на модерна Турција. Токму поради тоа на играчите на двете екипи домаќинот не им дозволи да истрчаат во маички со ликот на Ататурк, потоа настана хаос.

И сега ФС на Турција овој меч одлучи да го закаже за 7 април.

Претходно Фенер на 3 април треба да гостува кај Адана Демирспор а на 11 април се среќава со Олимпијакос.

Ова е главната причина зошто Фенер бара ново одложување или ќе игра со вториот состав.

ПретходноПријателска под Шара: Шкендија и Работнички одиграа 1:1! (ФОТО)
СледноИсторија за Штип: Шампионот поразен во финале, Штип УГД е нов освојувач на Купот