Јунајтед ги „олади“ Шпанците, Гринвуд „слободен“ за 58 милиони евра

637

Шансите за Мејсон Гринвуд да остане во Шпанија и идната сезона може да ги блокира неговиот матичен клуб Манчестер Јунајтед. Гринвуд се врати на терените по затворската казна и обвиненијата за силување, но не на терените во Англија туку во дресот на Гетафе каде ја крева формата. Тој се снајде во шпанската Ла Лига, па неколку шпански екипи сакаат да го видат во своите редови. Тука е Атлетико Мадрид, секако Гетафе сака да го задржи, Јувентус во него гледа напаѓачки потенцијал…
Сепак, Манчестер Јунајтед ги „олади“ заинтересираните затоа што за фудбалерот бара 58 милиони евра, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.
Тоа е превисока сума за Атлетико, а не пак за Гетафе. И Јувентус би размислил за оваа цифра затоа што навистина е висока.

ПретходноСтрумица за првпат во клупската историја го освои Купот на Македонија
СледноЦелиот тим на Струга ТЛ и тренерот Дуро, во посета на повредениот Бесмир Бојку во неговиот дом! (ФОТО)