Казна за Алонсо за опасно возење што довело до излетување на Расел од патеката

229

Фернандо Алонсо е казнет со 20 секунди по трката за ГН на Австралија откако судиите потврдија за неговото опасно возење непосредно пред Џорџ Расел да излета од патеката и да удри во заштитниот ѕид доведувајќи се себе си и другите возачи во опасност.
Расел во бркаше Алонсо, како што се приближуваше не можеше да го претекне па во еден момент изгуби контрола и удри во заштитната ограда.
По сослушување на разговорот на двајцата со тимовите и по прегледување на снимките, судиите одлучија да го казнат ветеранот со 20 секунди поради што Шпанецот од шестото место падна на осмото.
На сминката се гледа дека Алонсо два пати закочил пред Расел доведувајќи го во опасност противникот. Прв пат закочил 100 метри порано отколку во претходните кругови, како и на местата на кои тоа не го правел претходно.
По трката ветеранот изјави дека му се заглавила „папучата“ за гас и пробувал некако да ја одглави и дека било прашање дали ќе успее да стигне до целта. Меѓутоа немал одговор на прашањето зошто наеднаш закочил при 270 километри на час.

ПретходноСтоле Димитриевски: За мене ова е специјален меч, токму против Црна Гора го имав своето деби!
СледноСтрумица за првпат во клупската историја го освои Купот на Македонија