Играчот од средниот ред на Реал Мадрид и германската репрезентација Тони Крос на лето станува слободен, но постојат сите шанси да потпише нов договор.
Како што пренесуваат мадридските медиуми, челниците на Реал Мадрид му порачале на Крос дека неговиот нов договор е готов, дека може да го потпише кога ќе посака.
Ниту Карло Анчелоти, ниту Флорентино Перез не можат да замислат тим на Реал без Тони Крос, особено што се верува дека Лука Модриќ би можел да го напушти клубот по 12 години.
Крос пристигна во Реал Мадрид во летото 2014 година, откако навистина не се разбираше со Пеп Гвардиола и Баерн го пушти да си оди за само 25 милиони евра.
Една деценија подоцна, свесни сме дека ова е еден од најдобрите, ако не и најдобриот трансфер во историјата на фудбалот.