Спектал во најава: Јокиќ, Дончиќ, Јанис…против Леброн, Дурент, Кари…!

1409

Од САД се погласни се најавите дека треба нешто да се менува во врска со ОЛ стар натпреварот, она исток против запад. Овој меч по малку станува и здодевен, не привлекува посебно внимание. Кошаркарите се зафркаат, најблаго кажано.

Па затоа има најави дека раководството на НБА размислува за еден спектакуларен меч и тоа меѓу домашните ѕвезди во НБА против остатокот на светот.

Тоа би било мега – спектакл, ако се знае дека во остатокот на светот би играле Никола Јокиќ, Лука Дончиќ, Јанис Адетокумбо, Шај Џилгус Александер, Лаури Марканен, Џамал Мареј, Денис Шродер, Виктор Вембањама, Домантас Сабонис…

Додека за Американците би играле Леброн Џејмс, Кевин Дурент, Стеф Кари, Џоел Ембид, Демијан Лилард, Кавај Ленард, Џејмс Харден, Кајри Ирвинг…

Уште ако се одигра на “нож“, е тоа ќе бидат мечеви за паметење.

ПретходноПМФЛ – ЖЕНИ: Љуботен и Каменица Саса не запираат
СледноБарса секои шест месеци плаќа по 5 милиони евра за Роке