Србљак на чекор до главниот турнир на фјучрсот во Анталија

79

Македонскиот тенисер Горазд Србљак по двете победи во стартните две кола од квалификациите на ИТФ фјучрсот во Анталија што се игра за награден фонд од 15.000 долари го очекува уште мечот „финале од квалификации“ за пласман на главниот турнир. Србљак оствари две победи во првите два меча со 2-0 во сетови.

Во првото коло без загубен гем го надигра Андреј Думитреску од Романија со 6:0 во двата сета, додека во денешниот меч од второто квалификациско коло го победи Војчех Мареш од Чешка со 2-0 во сетови (64 63).

Утре во третото коло од квалификациите нашиот тенисер ќе игра против 18-годишниот Аргентинец Фернандо Каваљо, кој се наоѓа на 1.458.то место на АТП листата. Тој во денешниот меч во три сета го победи првиот носител од квалификациите Ерик Арутиуниан добивајќи го решавачкиот сет со 10-8 на поени.

ПретходноСе повтори старата болка, Македонија поразена од Црна Гора! (ФОТО)
СледноВо Африка ќе се гради еден од најголемите стадиони во светот!