Агуеро најавува кам-бек: Ако тестовите на срцето се добри, го облекувам дресот на Индепендиенте!

219

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити и репрезентацијата на Аргентина, Серхио Агуеро јасно стави до знаење дека би сакал да ја продолжи кариерата во аргентински Индепендиенте.

„Пред два дена имав уште еден тест и се помина многу добро. Сега одам во Мадрид, Мексико и во САД на други пријателски турнири. Таму ќе видам како ми оди и ќе продолжам да тренирам. Имам ентузијазам и желба да се вратам на теренот. Не сакам луѓето да се грижат. Прво сакам да се опоравам и да играм на некои турнири,а дури тогаш ќе видам каква одлука ќе донесам. Желбата е секогаш тука“, изјавил Серхио, кој ја заврши кариерата во 2021 година поради проблеми со срцето.

ПретходноДржавно првенство во пинг-понг: Станојковски и Николов ги одбранија титулите
СледноПо три децении, две европски и едно светско првенство, судијата Мицевски замина во пензија