Ако не потпише до петок, Баерн (М) го става Дејвис на трансфер листа

234

Баерн Минхен е подготвен да го стави на трансфер листата дефанзивецот Алфонсо Дејвис, доколку канадскиот фудбалер не се согласи да го продолжи договорот со клубот до крајот на неделата. Ова го објави новинарот Флоријан Плетенберг.

Според изворот, Баерн му понудил на Дејвис договор до 2029 година со плата од 14 милиони евра годишно. Играчот претходно побарл од Баерн плата од најмалку 20 милиони евра. Ако Алфонсо не ја прифати понудата која е на маса, ќе биде ставен на трансфер листата.

Реал Мадрид е заинтересиран за услугите на канадскиот фудбалер, но „кралевите“ не се подготвени да платат 50 милиони евра за играч кој има договор од само уште една сезона.

ПретходноИталија со втора победа на американската турнеја
СледноЛејкерс постигнаа 150 поени за победа, Милвоки ја „среди“ Оклахома (ВИДЕО)