По ланскиот летен бум, во кој Саудиска Арабија потроши 865 милиони евра на меѓународни трансфери и зимскиот прозорец без поголеми инвестиции, саудиската Про лига се подготвува за уште еден летен трансфер пазар со рекордни цифри.
Италијанска „Газета дело Спорт“ пишува дека ова лето сериозно на удар ќе биде Серија А лигата. Според весникот, создадени се услови со зголемување на бројот на странци што секој клуб може да ги има од осум на десет за следната сезона во саудиското првенство, што значи дека клубовите ќе тргнат по нови странски засилувања.
Ромелу Лукаку, кој минатото лето неколку пати му рече „Не“ на Ал Хилал, кој отиде дотаму што му понуди 50 милиони нето по сезона плус бонус за потпис, оа лето тешко дека ќе може да одбие уште некоја одмилионските понуди. На сериозна мета на саудиските клубови ќе биде и италијанскиот репрезентативен ветеран, Чиро Имобиле, кому веќе му се додворуваа во минатиот јануарски преоден рок.
На лисата на потенцијални „патници“ за Ријад и Џеда се и Данецот од Милан, Симон Кјаер, играчот на Интер, Куадрадо, играчот на Рома, Смолинг и играчот на Каљари, Нандез.