“Бомба“: Фенербахче ја напушта турската Суперлига и бара да игра во некоја од лигите во Западна Европа!

1655

И дефинитивно Али Коч, првиот човек на Фенербахче, предизвикува “фудбалски земјотрес“ во Турција. Повеќе од јасно е дека Фенер е во “војна“ со раководството на ФС на Турција, а работите ескалираа по се она што се случуваше во Транбзон на дербито со Трабзонспор кога дојде до масовна тепачка меѓу домашните фанови и играчите на Фенер.

Планот на Али Коч е Фенер да ја напушти турската Суперлига и да побара прием за неговиот клуб во некоја од лигите во Западна Европа.

Во опција се елитните лиги во Италија, Франција, Белгија и Холандија.

Дали ова е возможно? Останува да се види.

ПретходноКапитенот потпиша нов договор со Атлетико Мадрид! (ФОТО+ВИДЕО)
СледноМилевски ги одреди стартерите: Напаѓаме со Елмас и Миовски, тука се и Костадинов, Зајков, Велковски… (ФОТО)