Винисиус се расплака на прес: “Не сакам да гледам како црномурестите луѓе патат“! (ВИДЕО)

226

Познато е веќе со месеци ако не и со години, што му се случува на Винисиус во Ла Лига. Јасно е дека по малку и тој виновен со своето однесување, но сепак генерално стои фактот дека станува збор за расизам кога бразилската мега – ѕвезда на Реал Мадрид игра.

Тој денеска на пресот во пресрет на утрешниот меч со Шпанија, се расплака и кажа нешто што сите треба да се замислат:

Јас сакам да играм само фудбал. Ќе сторам се што треба за моето семејство и мојот клуб. Не сакам да гледам како црномурестите луѓе патат. Ме навредуваат поради бојата на мојата кожа. Не велам дека Шпанија е расистичка земја, но има расисти. Нема да го напуштам Реал Мадрид поради нив“ рече покрај другото Винисиус.

ПретходноУ-21: Надежите тренираа на Арената, утре против Шведска се посакува победа! (ФОТО)
СледноЕве го моментот кога Дани Алвес излегува од затвор! (ВИДЕО)