Државно првенство во пинг-понг: Станојковски и Николов ги одбранија титулите

64

Изминатиов викенд во салата „Јане Сандански“ во Скопје се одржа Државното првенство во пинг-понг за сениори и сениорки во сите категории.

Иако ланските победници Станојковски и Николов ги одбранија титулите имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај девојките, младата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Кај мажите изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22. рангиран успеа да стигне до третото место.

Во машка конкуренција и оваа година шампион е Кристијан Станојковски од ППК Крива Паланка, додека кај дамите титулата ја понесе Амелија Николов од ППК Шампион Фа.

РЕЗУЛТАТИ: 

Мажи:

  1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
  2. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
  3. Лука Стојчев – ППК Младост
  4. Венко Стојанов – ППК Радовиш

Жени:

  1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа
  2. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
  3. Сара Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
  4. Софија Хасану – ППК Младост

Микс двојки:

  1. Филип Младеновски и Амелија Николов – ППК Шампион Фа
  2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
  3. Нико Доага и Софија Хасану – ППК Младост
  4. Даниел Главевски – ППК Пелагонија и Фани Јованоска – ППК Зегин Берово

Машки двојки:

  1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
  2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев – ППК Младост
  3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски – ППК Телеком Нец 2
  4. Александар Кралев и Филип Младеновски – ППК Шампион Фа

Женски двојки:

  1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа
  2. Фани Јованоска – ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска – ППК Крива Паланка
  3. Софија Хасану и Емилија Марковска – ППК Младост
  4. Сара С. Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска – ППК Младост 96
Претходно“Жешко“ било вчера во Синѓелиќ: “Живи нема да излезете од тука“!
СледноАгуеро најавува кам-бек: Ако тестовите на срцето се добри, го облекувам дресот на Индепендиенте!