Како што и беше најавено утринава, попладнево и се оствари. Дани Алвес кој е осуден на затворска казна, во висина од 4,5 години, поради силување излезе од затвор и тоа условно, се додека не заврши цела жалбена постапка. Бразилецот собра 1 милион евра, таа сума е уплатена како кауција и засега ќе биде надвор од затворот каде ги мина последните 14 месеци.
По се ова има гнев во јавноста во Шпанија. Повеќето луѓе се прашуваат како може еден осуден човек да добие дозвола да излезе од затвор.
👀 Así fue la salida de prisión de Dani Alves pic.twitter.com/H9q4I5LiDM
— Diario SPORT (@sport) March 25, 2024