И официјално, како што објавија од Атлетико Мадрид, овој клуб потпишал нов договор со Коке со важност до 2026 година. Односно договорот е на една година со клаузула за продолжување на истиот за уште една. Секако дека ова е голема работа за “јорганџиите“ ако се знае дека играчот за врска и капитен, е еден од клучните играчи во составот на стратегот Диего Симеоне.
“Приказната продолжува“ е насловот на видеото во кое стои и официјално дека Коке и натаму ќе биде дел од Атлетико Мадрид.
The story continues. ❤️🤍 pic.twitter.com/j9wJABj4Mb
— Atlético de Madrid (@atletienglish) March 25, 2024