На ТФТ му беше потребно продолжение за да го преживее Охрид

85

Уште еден интересен натпревар се одигра во рамките на претпоследното коло во Првата лига. Победникот меѓу Охрид и ТФТ беше решен после продолжение, а посреќен беше тимот од Тафталиџе кој славеше со 78-89.

За гостите ова беше 14-та победа и се наоѓаат на четвртото место на табелата, која ќе претрпи промени по комплетирање на 21 коло, додека пак Охрид останува на дестото место.

Ташовски имаше 19 поени кај победникот и беше лидер во дополнителните пет минути, на другата страна Андерсон имаше дабл-дабл од 27 поени и 10 скока.

Домаќинот во регуларниот дел имаше шанса преку Андерсон да дојде до водство на 26 секунди до крајот, но тој реализираше само едно слободно фрлање за 72-72. И не беше само ова, Охрид имаше уште две шанси за победа, не ги искористи, на другата страна тоа не му успеа ниту на ТФТ преку Ташовски.

ТФТ на стартот на последната четвртина водеше со 48-59, се чинеше дека ќе успее да дојде до целиот плен нешто полесно, но противникот во последната четвртина беше подобар за тие 11 поени и донесе неизвесност.

ПретходноПолувреме во Анталија: Македонија добра, ама Црна Гора со водство! (ВИДЕО)
СледноКлубовите загрижени за ваучерите: Има најави за нивна реализација, но нема абер кога!