И официјално, Дани Алвес излегува од затвор. Она што се најануваше уште минатата недела од денеска е и официјално. Судот во Барселона го “ослободи“ силувачот кој е осуден, откако Бразилецот собра 1 милион евра и ги уплати како кауција.
Се разбира дека со ова тој не е слободен, туку ќе биде надвор од затворот се додека траат жалбемите постапки и не се донесе завршната пресуда.
Инаку некогашниот фудбалер мина 14 месеци во притвор и затвор додека траеше целиот случај во кој тој беше обвинет за силување.
Што се однесува до кауцијата никој не знае како тој ги собрал тие 1 милин евра ако се знае дека пред неколку дена таткото на Нејмар одби да му ги даде тие пари.