Сплитски Хајдук сака да го врати во Хрватска и Анте Ребиќ. 30-годишниот фудбалер на Бешикташ пристигна во Турција од Милан како слободен играч летото 2023 година, но очигледно не се снајде најдобро во новата средина. Тој досега има одиграно 23 меча за „црно-белите“ од Истанбул, постигна еден гол и имаше пет асистенции, но на 11 март турските медиуми објавија дека португалскиот тренер Фернандо Сантош го исфрлил од тимот затоа што наводно направил неред.
Ребиќ последните пет првенствени натпревари на Бешикташ ги гледаше од клупата или од трибините. Турските медиуми наведуваат дека Ребиќ игра под очекувањата во Бешикташ, и нема да биде чудно доколку летово си замине.