Фудбалската репрезентација на САД во финалето на Лигата на Нации во Северна и Централна Америка успеа да го совлада Мексико со 2:0 и да ја освои титулата. Тајлер Адамс и Џовани Реина беа фудбалерите кои со своите погодоци им ја донесоа титулата на Американците.
Посебно спектакуларен беше голот на Адамс, членот на англискиот Борнмут. Во 45. минута, по додавање на Вестон Мекени, тој шутираше од речиси 30 метри, а поради моќта и прецизноста на ударот, дури и легендарниот Гиљермо Очоа беше немоќен на голот на Мексико.
Во 63. минута играчот на Борусија Дортмунд, Реина го реши прашањето за победникот со погодокот за 2:0.