Агентот на Бразилецот Витор Роке потврди дека младиот фудбалер на Барселона не размислува за промена на средината, иако од доаѓањето во дресот на „блауграна“ не ја доби посакуваната минутажа. 19-годишниот фудбалер се пресели во Барселона оваа зима од Атлетико Паранаенсе и потпиша договор со шпанскиот клуб до 2031 година.
„Тој е во одлична физичка форма и многу е силен психички. Ги чека своите минути за игра за да покаже што може на теренот. Нема да оди на позајмица. Досега Барса плати 10 милиони евра и на секои шест месеци ќе мора да плаќаат по 5 милиони, додека не платат 31 милион. Во моментов има цела редица клубови кои би биле подготвени да го ангажираат Роке за 50 милиони евра, но тој сака да се докаже во Барса“, изјавил неговиот агент, Андре Кири.