Во Африка ќе се гради еден од најголемите стадиони во светот!

718

Како што е познато СП во 2030 година ќе се одржи во шест земји, во Уругвај, Аргентина, Парагвај, Португалија, Шпанија и Мароко. За таа цел токму во Мароко, како што велат информациите од таа земја, ќе се гради еден од најголемите стадиони во светот, кој ќе биде со капацитет од 115.000 места.

Локацијата е градот Мансоури, кој се наоѓа на 40 км од Казабланка. Рокот на градење е четири години и би требало да биде готов до 2028 година, значи две години пред стартот на Мундијалот.

ПретходноСрбљак на чекор до главниот турнир на фјучрсот во Анталија
СледноПред две години ја урнавме Италија, сега се „бањаме“ во Анталија!