Лејкерс постигнаа 150 поени за победа, Милвоки ја „среди“ Оклахома (ВИДЕО)

136

Синоќа се одиграа 6 натпревари од регуларниот дел од сезоната во НБА меѓу кои особено впечатлив беше мечoт во Калифорнија, каде ЛА Лејкерс ја победија Индијана со 150:145 и го постигнаа третиот последователен успех против овој противник. Ентони Дејвис постигна 36 поени, а Леброн Џејмс и Спенсер Динвиди по 26. Паскал Сијакам беше предводник на Индијана со 36 поени.

ЛА Клиперс „киксна“ на домашен терен против Филаделфија и загуби со 107:121. Кави Ленард постигна 20 поени, но не можеше да го одведе тимот до победа, а уште полошо одиграа Пол Џорџ и Џејмс Харден. Кај Филаделфија блескаа Тајрис Макси и Тобијас Харис со по 24 поени.

Мајами го победи Кливленд со 121:84 во меч во кој гостите останаа без своите најдобри кошаркари. Хејвуд Хајсмит постигна 18 поени за Хит, а Бам Адебајо додаде 15 поени и 16 скока. Џими Батлер исто така придонесе со 15 поени за Мајами.

Јанис Адетукумбо ги предводеше Милвоки до победа над Оклахома Сити Тандер со 118:93. Тој постигна 30 поени и имаше уште 19 скока, а покрај него одлични беа и Боби Портис и Брук Лопез.

НБА РЕЗУЛТАТИ: 

Милвоки – Оклахома 118-93

Минесота – Голден Стејт 114-110

ЛА Лejкерс – Индијана 150-145

Детроит – Њу Орлеанс 101-114

ЛА Клиперс – Филаделфија 107-121

Мајами – Кливленд 121-84

ПретходноАко не потпише до петок, Баерн (М) го става Дејвис на трансфер листа
СледноАмериканците ја освоија КОНКАКАФ Лигата на нации (ВИДЕО)