Телото за регулирање на фудбалските правила ИФАБ работи на нова промена во фудбалот. Оваа ќе се однесува на голманите и на дозволеното време на држење на топката в раце пред да се исфрли во поле.
Со оглед на тоа што голманите често „крадат“ време за време на натпреварите, а тоа се одразува и на играта. Според сегашното правило голманот не смее да ја држи топката повеќе од шест секунди, но голманите практично никогаш не ги почитуваат тие шест секунди и ја држат топката многу подолго.Бидејќи судиите скоро никогаш не реагираат со досудување на индиректен идар заради предолго држење на топката во голманскиот простор, ИФАБ смета дека новото правило ќе донесе промени.
Со новото правило голманот ќе може да ја има топката во посед осум секунди наместо досегашните шест, но по три секунди, судијата ќе ја крене раката и ќе одбројува со прстите за да го извести голманот уште колку време има да ја испушти топката од раце. Исто така, место индиректен удар, се размислува досудување корнер, па дури и пенал.
Најавата вели дека тестирањето на новите правила ќе почне о дпониските лиги во некои земји, па потоа би се применило на повисоко ниво на елитен фудбал.